Маурицио Сари имаше победничко деби на клупата на Челси откако англискиот премиерлигаш триумфираше со 1-0 против Перт глори, на првиот и единствен натпревар што „сините“ го одиграа за време на краткиот престој во Австралија.
Педро беше играчот што му донесе прв триумф на италијанскиот стратег постигнувајќи го голот за победа веќе во 5. минута, по одличната асистенција на младиот Хадсон-Одои.
Веднаш по мечот Челси со приватен авион полета назад кон Лондон. Во текот на следната седмица „сините“ ги очекуваат две потешки контроли, противв Интер и Арсенал, по што за петнаесетина дена на ред ќе дојде и „Којунити шилд“ мечот против Манчестер сити, со кој ќе биде означен стартот на новата сезона во англискиот фудбал.
Pedro puts us in the lead against Perth Glory after a great work from Hudson-Odoi on the left! Good goal #CFC pic.twitter.com/AfA17nH6c9
— nick10469 (@nick10469) July 23, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА