Ренџерс под водството на Стивен Џерард го вратија сјајот од своите најдобри денови. Глазговскиот состав се пласираа во осминафиналето од Лига Европа откако славеше со убедливи 5-2 над Антверпен на домашен терен, или поточно со 9-5 во однос на двата одиграни натпревари.
Англискиот тренер на клупата на шкотскиот клуб, Стивен Џерард е вистински перфекционалист, а и по убедливата победа и покрај задоволството, најде замерки во играта на својот состав.
„Многу сум задоволен, игравме одлично на повеќе сегменти. Првите три гола кои ги постигнавме беа навистина врвни, меѓутоа како перфекционалист, свесен сум дека и понатаму мораме да обратиме внимание на елементите кои на овој натпревар не беа на потребното ниво“ – изјави 40-годишниот стратег.
Сјајната форма Ренџерс оваа сезона ја закитија со победи на последните 13 од 15 натпревари во сите натпреварувања. На домашната сцена се блиску до прекинување на доминацијата на Селтикс и враќање на трофејот со своите витрини по десет години, со оглед тоа што великанот од Глазгов има 18 бода преднсот на врвот на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА