Американската тенисерка Џесика Пегула се пласираше во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија, откако денес во Мелбурн ја победи сонародничката Аманда Анисимова со 6:2, 7:6 (7:1).
Мечот траеше еден час и 35 минути. Пегула ќе игра во полуфиналето на Австралија Опен за прв пат во својата кариера.
Пегула ќе игра во полуфиналето на турнирот во Мелбурн против Елена Рибакина од Казахстан, која во четвртфиналето ја победи Полјачката Ига Швјонтек со 7:5, 6:1. Со тоа Швјонтек ќе почека на титула во Австралија Опен, титула која единствена и недостасува во карирерата кога станува збор за Грен слем титулите.
Во првото полуфинале на Отвореното првенство на Австралија ќе се сретнат Белорусинката Арина Сабаленка и Украинката Елина Свитолина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

