Лос Анџелес клиперс ја доби Оклахома на домашен терен со 120-98 за седма победа во низа, но го загуби организаторот на играта. Крис Пол, кон крајот на вториот период, при огромно водство од 16 поени (42-58), заработи повреда која по медицински испитувања се покажа како посериозна од првично предвиденото.
Во дуел со Расел Вестбрук, Пол го повреди палецот на раката и набрзо ја напушти играта. По прегледите е утврдено дека разигрувачот на Лос Анџелес клиперс има скинат лигамент поради кој ќе мора да паузира од шест до осум седмици.
[vionvideo url=”http://ekipa.mk/video/53e841e5390fcfec1de98c6bc09bf2a8.mp4″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА