Пех за шампионот: Маркез нема да вози во Асен поради скршено ребро

Шесткратниот Мото ГП шампион, Марк Маркез нема да учествува на денешната трка во Асен, Холандија поради скршеница на ребрата.

Возачот на Репсол Хонда, имаше неколку падови изминатиот викенд во Германија, а при последниот скрши и ребро. Сепак, успеа некако вчера да се трка на спринтерска трка која ја заврши на 17. место.

Но, денеска болките во ребрата биле огромни поради што нема да може да биде на денешната трка.

„Чувствувам големи болки. По детални прегледи и консултации со медицинскиот тим решивме да не се тркам денеска за да можам подобро да се опоравам“ – соопшти Маркез.

Се вчитува...