Марко Ројс заминува во пензија без ниту еден трофеј во Бундеслигата, и без пехар во Лигата на шампионите. Еден од најмалерозните играчи го пропушти и Мундијалот во 2014 година кога неговата репрезентација го освои пехарот поради повреда непосредно пред почетокот на СП.
Борусија Дортмунд го добива статусот „најмалерозен клуб“ во изминатите години. Тие загубија во второто финале во Лигата на шампионите за 11 години, откако и во 2013 година, исто така на Вембли беа поразени тогаш од Баерн Минхен, исто така во последните мигови од мечот, откако Робен во 88. минута постигна гол за победа од 2-1.
Но, неверојатен е начин на кој Борусија ја загуби титулата во Германија минатата година. За освојување на „салатарата“ во Бундеслигата им требаше само победа над Мајнц, но тие одиграа нерешено 2-2, а Баерн Минхен со победата над Келн, успеа да дојде до нов трофеј во Германија.
Тоа лошо влијаеше на Борусија Дортмунд, која оваа сезона беше многу блиску да не се пласира ниту во Лигата на шампионите, откако го освои петтото место, но благодарение на тоа што од Германија одат пет екипи, „милионерите“ и натаму ќе ги гледаме во ЛШ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА