Академија Пандев го освои трофејот во Купот на Македонија, откако по изведување пенали (4-2) го совлада составот на Македонија ЃП. Голманот на струмичкиот тим, Душан Чубраковиќ, беше херој на финалето, успеа да одбрани два удари од белата точка. Тој ги скроти ударите на Робсон да Силва и на Дејан Тантуровски и го однесе пехарот за Струмица.
Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, го предаде пехарот во рацете на капитенот Сашко Пандев, а тој веднаш го ’подели’ со Чубраковиќ, асоцирајќи на неговата огромна заслуга за освоениот трофеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА