Пејџ најави експлицитен кам-бек во ММА: На следната борба ќе бидам во танга и градник

Поранешната манекенка, а сега ММА борец, најави „кам-бек“ во рингот, но овој пат во танга. Нејзиниот противник сè уште не е познат, но тоа не ја спречи Пејџ Ванзан да ја најави борбата на својот Инстаграм на интересен начин. Таа објави слика во танга и спортски градник, што предизвика лавина на коментари од фановите.

Инаку, најубавото лице на ММА спортот покрај борбите во УФЦ, забележа настапи во уште еден поекстремен спорт, а станува збор за бокс со голи тупаници.

Пејџ е една од најатрактивните борци, па таа веќе во неколку наврати докажа дека под нејзината „мила“ надворешност се крие жесток карактер. Ванзант е доста активна на социјалните мрежи и има над 2,5 милиони обожаватели. На почетокот на нејзината кариера, таа јавно зборуваше за силувањето што го доживеала во средно училиште, а за тие настани има пишувано во својата биографска книга.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paige VanZant (@paigevanzant)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paige VanZant (@paigevanzant)

Се вчитува...