Грчкиот гигант Панатинаикос го засилува својот ростер со екс-НБА кошаркарот Адреин Пејн. Новата аквизиција на шесткратниот европски шампион ја обелодени самиот сопственик на клубот, Димитрис Јанакопулос, објавувајќи негова фотографија на „Инстаграм“ со дескрипција „Добредојде“.
За нив ова е големо освежување под обрачите, Пејн може да игра и како крилен центрар, но и како класичен центар. Американецот стана слободен агент минатата недела откако Орландо меџик одлучи да го раскине договорот со кошаркарот поради обвинувања за сексуално малтретирање уште кога играл за колеџ тимот на Мичиген стејт.
26-годишниот кошаркар потпиша двегодишен договор со франшизата од Орландо пред почетокот на оваа сезона, одигра само пет натпревари на годи имаше просек од 4.2 поени, а потоа беше преместен во тимот од развојната лига. Во неговата кариера ги носел дресовите на Атланта и Минесота.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА