Пеќ се раздели од Давитков

Поранешниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација, Јорданчо Давитков, повторно е без клуб откако добил отказ од тренерската функција во Пеќ. Давитков имаше успешен старт на авантурата во косовскиот шампионат, забележа неколку одлични резултати во низа, но формата на тимот во последно време не се движеше во посакуваната насока.

Како пресуден се покажа последниот дуел против Влазними, тим што беше последен во Супер-лигата, но успеа да го декласира Пеќ со убедливи 82-63, по што била донесена одлуката за разделба од Давитков.

Тимот на Пеќ по овој пораз падна на четвртото место на табелата со скор од 12 победи и осум пораз, а лидер во косовското првенство моментно е Призрен со скор 14-7.

Се вчитува...