Италијанскиот мотоциклист Франческо Бањаја е на чекор до освојување на својата прва титула во „кралската класа“ во Мото ГП шампионатот.
Возачот на Дукати триумфираше на трката за Големата награда на Малезија која се возеше на патеката Сепанг. Второто место му припадна на возачот на Грисини, Енеа Бастианини, додека подиумот го надополни Фабио Квартараро на Јамаха.
Со оваа победа пред последната трка во Валенсија која на програмата е на 6. ноември Бањаја има 23 поени предност пред Квартараро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА