Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз е мега пресметката која не очекува во четвртфиналето на првиот АТП мастерс 1000 турнир во сезоната, Индијан Велс.
Уште на самиот старт Ѓоковиќ за противник ќе го има Ник Кирјос во 2. коло. Потенцијален ривал на Ѓоковиќ во третото коло е (26) Франциско Черундоло, а потоа Србинот во четвртото коло би можел да се сретне со Де Минор или Хуркач.
Дури тогаш, доколку ги прескокне овие три пречки, Ѓоковиќ ќе добие право на уште еден спектакл со Алкараз, кого го победи пред месец и половина во четвртфиналето на Австралија опен.
Ѓоковиќ е петкратен шампион во Индијан Велс, а последен пат славеше во 2016 година. Минатата сезона беше елиминиран во третото коло од Лука Нарди. Друштво на Новак на американската турнеја ќе му прави тренерот Енди Мареј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

