Пеколни временски услови, многу борба, на крај се уште останува надежта за кратовци (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на Силекс, ако се знае дека тимот се соочуваше со комплетна реконструкција по испаѓањето од прволигашкото друштво, дојдоа до позитивно реми (1-1) против молдавски Петрокуб на првиот натпревар од УЕФА Конференциската лига со кое ги зачуваа надежите за продолжување на европското лето.

И покрај тоа што е јасно дека на реваншот Молдавците ќе бидат со предност, избраниците на Горазд Михаилов денеска во пеколни временски услови во Скопје одиграа се чини максимално за да го завршат натпреварот без пораз.

Силекс низ досегашниот тек од подготовките креираше сосема нов тим кој по само два одиграни тест дуели со соочи со европскиот предизвик, поради што може да се каже дека Михаилов извлече максимум во овој момент од тимот кој се уште останува со надеж за пласман во следната рунда натпревари на европската сцена.

 

Се вчитува...