Прераната елиминација на Реал Мадрид од ЛШ од Арсенал и негативата што моментно ја има во однос на Барселона во Примера дивизион само ќе го налути Флорентино Перез да тргне во тотална офанзива за создавање на нов дрим-тим на „Сантијаго Бернабеу“.
Веќе е извесно дека Трент Александер Арнолд ќе го напушти Ливерпул и како слободен играч ќе се пресели во Реал, а се најавува и дека Чаби Алонсо ќе биде изборот за нов тренер на местото на Анчелоти. Чаби го бара Флоријан Вирц со себе од Леверкузен, желба што Флорентино ќе се обиде да му ја исполни, но првиот човек на Реал планира и уште една „трансфер-бомба“ за претстојното лето.
Лука Модриќ на крајот од сезонава ќе си замине од Мадрид, а планот на претседателот на „кралевите“ е на негово место да го доведе Родри. Шпанскиот генијалец е во завршна фаза од рехабилитацијата по тешката повреда на коленото, би можел да се врати на терените за клупскиот мундијал, но Перез е решен да тргне во офанзива за негов потпис.
Родри е вистински лидер на средината на теренот, нешто што му недостигаше на Реал сезонава, поради што Флорентино е подготвен да плати и 100 милиони евра за да го осигура потписот на овој врвен фудбалер. Родри беше голем „непријател“ на сите во таборот на Реал Мадрид откако минатата година ја доби „Златната топка“ пред Винисиус, но според најновиот развој на настаните, шпанскиот репрезентативец би можел да биде соиграч со бразилскиот напаѓач од следната натпреварувачка сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА