Македонската кошаркарска репрезентација ќе мора да одигра четири средби во пет дена на февруарскиот турнир во Перм, во обид да стигне до пласман на Евробаскет 2022.
ФИБА пред неколку дена го објави Перм како град-домаќин на февруарскиот „балон“, сите селекции требаше да одиграат по два меча во три дена, но бидејќи Македонија поради Covid-19 немаше натпревар во Талин во ноември, сега избраниците на Александар Тодоров ќе мораат во неверојатно збиен распоред да ги одиграат преостанатите четири натпревари од овој квалификациски циклус, два со Италија и по еден со Русија и со Естонија.
Според најновиот распоред на ФИБА, првиот натпревар во „балонот“ во Перм нашите најдобри кошаркари ќе треба да го одиграат на 18. февруари, 2021 година, против селекцијата на Италија, на еден ден пред официјалниот почеток на овој трет дел од квалификациите. Ден подоцна, на 19. февруари, Македонија ја чека дуелот со домаќинот на овој собир, селекцијата на Русија.
Нашите кошаркари ќе го имаат 20 февруари како слободен ден, по што на 21 февруари ќе следи вториот дуел со Италија. За крај, на 22 февруари ќе се игра натпреварот против Естонија, кој според сите прогнози ќе биде и клучен која од овие две селекции ќе се пласира на европскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА