Македонската фудбалска репрезентација ги доби силните Италија и Англија за ривали на патот кон пласман на Европското првенство 2024 кое ќе се одржи во Германија. Останатите екипи се Украина и Малта.
Селекторот Благоја Милевски уште од неговото доаѓање на позицијата тренер на националниот тим, напоменуваше дека тимот се гради за овие квалификации, но групата е исклучително тешка за да се надеваме на пласман на ЕВРО.
Натпреварите почнуваат во март, а завршуваат во ноември, додека ќе има и плеј-оф натпревари од Лигата на Нации кои ќе се играат во март 2024 година, со кои ќе бидат комплетирани учесниците на ЕП.
Само првите две селекции од секоја група одат директно на Европското првенство, додека другите позиции ќе бидат комплетирани преку Лигата на Нации.
Германија директно е пласирана на ЕП, додека Русија е исклучена од квалификациите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА