„Пелагонците“ немаат победа по 6 меча: Сега ќе „кршат копја“ во Битола!

Пелагониско дерби во македонскиот фудбал во 28. коло од Првата македонска фудбалска лига. Пелистер и Победа по шест меча немаат запишано победа во шампионатот, па денеска од 16 часот во Битола под „Тумбе кафе“ ќе „кршат копја“ за прв триумф по подолго време.

Пелистер, по пласманот во финалето од Купот на Македонија, секако ја врати позитивната атмосфера во тимот, но за да биде тоа убаво заокружено посакуваат битолчани триумф и во првенството…

„Атмосферата е позитивна по триумфот над Брегалница во Купот. Сега не чека тежок дуел против Победа, затоа што на прилепчани им се неопходни бодовите во трката за опстанок. Ние сакаме победа на нашето враќање во Битола. По подолго време играме прв меч во Битола и сигурно сакаме триумф“ – велaт од таборот на Пелистер.

pelister - pobeda 16

Пелистер е поуспешен сезонава од пресметките со Победа, со две победи од есенскиот дел, и ремито од Струмица оваа пролет. Па, од Победа сега сакаат триумф, без разлика што ќе играат во Битола…

„Кога станува збор за дерби натпревари особено пелагониското дерби меѓу Победа и Пелистер сите карти се отврени. Тоа значи дека двете екипи ќе сакаат да се извлечат од резултатската криза која на некој начин ги надвладеа во изминатиов период. Како и секој така и овој дуел меѓу пелагониските ривали е неизвесен. Пелистер е во резултатска криза и клуб во кој очекувањата се поголеми – европски, а ние покажавме дека можеме да се носиме со секој противник од горниот дел на табелата. Затоа треба да го искористиме овај момент кога Пелистер е под мал притисок на домашен терен. Дотолку повеќе што и тие еве веќе шест кола немаат победа и имаат освоено само еден бод. Затоа треба да го искористиме овој момент на резултатска криза кај домаќинот и да се обидеме да извлечеме позитивен резултат. Ние се соочуваме со проблеми околу составот поради повреди на неколку играчи а Наумоски ќе паузира поради 5 жолти картони. Од друга страна пак во екипата се враќаат Ристевски и Цветаноски кои го пропуштија претходниот натпревар со Ренова во Тетово“ – вели тренерот на Победа, Зоран Штерјовски.

ДВОЈКИ – 28. КОЛО (денеска, 16 ч.)

Скопје: ШКУПИ – ВАРДАР

Тетово: РЕНОВА – БРЕГАЛНИЦА

Кратово: СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА

Битола: ПЕЛИСТЕР – ПОБЕДА

ВЧЕРА

РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-1

ТАБЕЛА: Вардар 65 бода, Шкендија 54, Работнички 47, Пелистер 37, Силекс 35, Ренова 35, Шкупи 29, Победа 23, Брегалница 19, Македонија ЃП 19 бода.

Се вчитува...