Пеле е во стабилна состојба откако синоќа беше вратен на интензивна нега

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле е во стабилна состојба откако синоќа поради респираторни проблеми беше вратен на одделот за интензивна нега во клиниката во Сао Паоло во која се опоравува од операцијата на отстранување тумор на дебелото црево.

Пеле беше опериран на почетокот од месецот, а во вторникот беше преместен од интензивна нега. Но, загриженоста на светската фудбалска јавност за неговата состојба порасна откако синоќа итно повторно беше вратен на интензивна нега.

Болницата „Алберт Ајнштајн“ во која е сместен преку соопштение информираше дека „се работи само за кратка респираторна нестабилност поради што чисто превентивно е вратен повторно на интензивна нега, но неговата комплетна состојба сега е стабилна“.

Ќерката на бразилската легенда, Кели Насименто преку Инстаграм испрати смирувачки поради пишувајќи дека нејзиниот татко добро се опоравува.

Се вчитува...