Пеле: Еден ден ќе играме заедно фудбал во рајот…

Бројни фудбалски легенди се простуваат од Диего Армандо Марадона, но мора да се истакне порака испратена од Бразилецот Пеле.

Во светскиот фудбал долго постоеше дилемата дали Пеле или Марадона е најдобар фудбалер на сите времиња, но тоа не ги спречи Бразилецот и Аргентинецот да станат добри пријатели.

„Жално е да се губат пријатели на ваков начин. Сигурно еден ден ќе играме заедно фудбал во рајот“, порача Пеле.

Се вчитува...