Пеле и понатаму во болница – Свесен е и се опоравува

Легендарниот бразилски фудбалер, Едсон Арантеш до Насименто Пеле се опоравува од операцијата на дебелото црево – на интензивната нега седум дена по зафатот, но е свесен и лекарите порачуваат дека неговото опоравување тече во најдобар ред.

Легендарниот фудбалер кој има 80 години му беше откриен „рак“ во текот на рутински систематски преглед, по што веднаш беше упатен на оперативен зафат.

Докторите од болницата „Алберто Ајнштајн“ во Сао Паоло викаат дека и покрај тоа што неговото опоравување оди добро, се уште не знаат кога ќе можат да го пуштат од болница.

Се вчитува...