Пеле конечно излезе од болница, но Бразилецот ќе мора да оди на хемотерапија

Фудбалската легенда Пеле (80), еден од најдобрите фудбалери на сите времиња конечно излезе од болница, каде беше примен пред еден месец поради операција на отстранување на тумор. Сепак, како што стојат работите Бразилецот ќе мора да оди на честа хемотерапија.

Пеле беше приман во болница беше на 31 август кога при рутинска контрола му бил откриен „сомнителниот тумор“ и четири дена потоа подлегна на операција.

„Едсон Арантес до Насименто утринава е пуштен од болница, неговата здравствена состојба е стабилна и ќе прима хемотерапија после отстранувањето на тумор на дебелото црево на 4 септември“, објави клиниката „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло.

Пеле, кој има три светски титули со Бразил од 1958, 1962 и 1970 година пред две години заврши во болница поради уринарна инфекција, а во 2015 година имаше операција на простатата.

Се вчитува...