Пеле: Меси не ми е дораснат, тој знае да шутира само со една нога…

Десетици години наназад актуелни беа споредбите меѓу Пеле и Диего Армандо Марадона и дилемите кој од нив двајца е најдобар фудбалер на сите времиња. Сепак, дилемата стана трилема откако Лионел Меси почна да доминира на терените, но за Пеле нема дилеми дали тој е подобар од суперѕвездата на Барселона.

Како можете да споредите некој што бил добар со топката, што шутира со лева и со десна нога, што давал голови со глава… да споредите таков играч со некого што знае да шутира само со едната нога, не дава голови со глава, игра еднодимензионално. Кога ќе сакате да споредите некого со Пеле, тој некој мора да е квалитетен во сите аспекти на играта, да шутира и со лева и до десна, да биде прецизен и со глава. Диего Марадона е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Ако ме прашате дали е подобар од Меси, без размислување ќе ви кажам дека е многу подобар. Исто така и Франц Бекенбауер и Јохан Кројф, тоа беа извонредни фудбалери“ – истакна Пеле.

Се вчитува...