Пеле на чекор до Јувентус

Јувентус е на добар пат да ги засили своите редови со потпис на Грацијано Пеле, поранешниот италијански репрезентативец кој е подготвен за камбек во Калчо-лигата по неколкуте години минати во кинескиот шампионат. Пеле со успех го носеше дресот на Шандонг, но по најавите за огромно кратење на платите во кинескиот фудбал тој реши да го напушти овој клуб.

Јуве е во потрага по четврта опција во нападот (зад Роналдо, Мората и Дибала), а 35-годишниот ветера дефинитивно може да одговори на оваа улога. Интерес за услугите на Пеле покажува и Интер, но според италијанските медиуми „старата дама“ е огромен фаворит во оваа трка.

Интересно, Грацијано Пеле најдобрите игри во кариерата ги прикажа надвор од Италија. Тој со голем успех настапуваше за Феенорд во холандското првенство, потоа се пресели во Саутемптон, од каде во 2016 година замина за Кина. Италијанскиот интернационалец последен пат настапувал на Апенинскиот полуостров во 2012 година, кога од Парма беше позајмен во Сампдорија, одигра 12 натпревари за овој клуб во Серија Б, притоа постигнувајќи четири погодоци.

Се вчитува...