Легендарниот бразилски фудбалер Пеле, не верува дека неговиот Бразил може да ја освои титулата на претстојното Светско првенство во Русија. Забелешката на легендарниот бразилски фудбалер е дека Бразил тимски не е на потребното ниво, иако во своите редови има силни индивидуалци.
„Имам голема доверба во Тите како селектор, но загрижен сум бидејќи се приближува стартот на СП, а ние понатаму немаме добар тим. Нејмар созреа како играч, има поголемо искуство, но не може сам да го освои трофејот. Индивидуално сме силни, но не сме како тим“ – изјави Пеле за бразилските медиуми.
На СП во Русија, репрезентацијата на Бразил е во група со Србија, Швајцарија и со Костарика. Мундијалот стартува на 14 јуни. Според букмејкерите, Бразил е најголем фаворит за шампионската титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА