Преодниот рок заврши, но клубовите се уште можат да купат фудбалер кој е слободен на пазарот. Тоа беше случајот со италијанскиот ветеран Грацијано Пеле, кој беше без клуб по заминувањето од кинескиот суперлигаш Шандонг, па денеска како слободен играч потпиша за Парма.
Италијанскиот прволигаш реши да го ангажира искусниот голгетер, кој сигурно ќе биде од голема помош во борбата за опстнаок во вториот дел од сезоната. Пеле во текот на јануарскиот преоден рок беше споменуван како опција за резервен напаѓач во Јувентус или во Интер, но ветеранот на крајот се реши да замине во клуб каде ќе добива повеќе шанси на теренот отколку на клупата за резерви.
За него овој трансфер претставува враќање во Парма, каде дојде од АЗ Алкмар во 2011 година, одигра 14 средби за овој клуб и постигна два погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

