Пеле повторно во болница – „Не се грижете, тоа се само рутински прегледи“

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Пеле изјави дека здравјето му е добро и тоа што бил во болница е само поради рутински прегледи.

Тој ги негираше информациите на одделни медиуми во Бразил кои пренесоа дека легендарниот фудбалер има озбилни здравствени проблеми.

„Луѓе не ја загубив свеста и здравјето ми е одлично. Отидов само на рутински прегледи, кој претходно не можев да го направам поради пандемијата“, напиша Пеле на Твитер. 

Се вчитува...