Пеле се јави од болница: Силен сум, го следам Бразил на Светско!

Некогашниот бразилски ас Пеле ја загрижи јавноста со објавата дека неговото тело повеќе не реагира на хемотерпијата и дека веќе е пренесен во болница до крајот на животот.

Пеле во вторникот беше примен во болница „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло каде што му е укината терапијата, а Бразилецот се огласи од болничката постела.

„Пријатели, сакам сите да останете мирни и позитивни. Силен сум и полн со надеж и редовно ја примам терапијата. Сакам да се заблагодарам на целокупниот медицински тим за негата која ми е пружена. Имаме вера во Бога и секоја порака која ја добивам ми дава енергија. Го гледам Бразил на Мундијалот! Ви благодарам на сите“, напиша Пеле на Инстаграм.

Се вчитува...