Пеле се срамеше од него – синот што доби казна од 33 години затвор, па го изненади во болничката постела

Пеле останува запаметен како фудбалски крал и голем човек, а една од ретките работи од кои се срамеше во својот приватен живот е неговиот син Едињо, кој беше осуден на 33-годишна затворска казна.

Пеле имаше три брака и вкупно седум признаени деца, од кои дел беа од афери во приватниот живот за кој фудбалската легенда одбиваше да говори во јавноста. Еден од синовите е сега 52-годишниот Едињо, своевремено квалитетен бразилски голман кој никогаш не се ни приближи на височините кои ги достигна неговиот татко.

Едињо беше уапсен во 2005 година под обвиненија за трговија со дрога и перење на пари. Процесот траеше дури девет години, за на крајот да добие казна затвор во времетраење од дури 33 години. По серијата жалби ја намали казната на 12 годинии десет месеци, а зад решетки заврши откако му беа исцрпени сите правни аргументи, во 2017 година. Две години подоцна успеа да издејствува излегување на слобода, но остана во заладени односи со својот татко.

Едињо сепак се појави во болницата при семејниот собир неколку дена пред смртта на Пеле, за последна средба со татка си во неговата болничка постела.

Се вчитува...