Пеле се срами да излегува од дома: Бразилската легенда има сериозни здравствени проблеми

Легендарниот бразилски фудбалер кој многумина го сметаат за најдобриот на сите времиња, Пеле има сериозни здравствени проблеми и воопшто не сака да го напушти домот. Информацијата доаѓа од неговиот син кој објаснува дека Пеле не може да оди без помалгала и оти поради тоа не сака да излегува во јавност.

„Замислете, тој е „Кралот“, секогаш бил впечатлива фгура, а денеска не може да оди нормално. Се срами, не сака да излегува надвор или да прави воопшто нешто што подразбира напуштање на куќата. Ранлив е. Имаше операција на колкот и немаше добра рехабилтација. Затоа има проблеми со подвижност и падна во еден вид депресија“ – објаснува синот на Пеле, Едињо.

Пеле има проблеми со колкот веќе подолго време, оди со помалгало, дополнително имаше и операција на простата, примен е двапати во болница во шест месеци, последниот пат поради уринарна инфекција. На последните јавни настапи на кои се појави беше во количка.

Пеле постигна рекордни 1281 гол во 1363 натпреври во кариерата од 21 година. Има 77 гола во 91 настап за Бразил. Во јуни годинава ќе биде обележан половина век од последната светска титула на Пеле со Бразил освоена во Мексико.

 

 

Се вчитува...