Пеле доби уште една битка: Бразилецот го победи туморот…

Легендарниот бразилски фудбалер Едсон Арантес до Насименто Пеле во саботата беше опериран од тумор, а како пренесуваат од болницата операцијата е успешна извршена. На бразилската легенда му бил отстранет тумор на дебелото црево, па сега претстои период во кој 80-годишникот треба да се опоравува.

Претходно во фудбалскиот свет кружеа гласини дека поранешниот фудбалер на Сантос се онесвестил и дека поради тоа бил примен во болница, но тоа е демантирано.

Сакам да им се заблагодарам на сите за пораките за поддршка. Му благодарам на Бога што се чувствувам добро, како и лекарите Фабио и Мигел што се грижеа за моето здравје. Претходната сабота, бев подложен на операција на дебелото црево чија цел беше отстранување на сомнителна лезија. Туморот беше идентификуван на тестовите минатата недела. За среќа, јас сум навикнат да славам големи победи со вас. Во овој натпревар ќе влезам со насмевка на лицето, како и оптимизам и радост бидејќи сум опкружен со семејството и пријателите“, напиша 80-годишниот Пеле на Инстаграм.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pelé (@pele)

Се вчитува...