Пелегрини: Динамо еднаш дојде до нашиот гол и доби пенал за игра со рака

Динамо Загреб приреди вистинска сензација со победата од 0-1, по голот од пенал на Петковиќ во 76. минута, на гостувањето против Бетис во Севилја, во првиот натпревар од 1/16-финалето во Конференциската лига на УЕФА.

Тренерот на Бетис, Мануел Пелегрини очекувано не беше задоволен од играта на својот тим. Според него, поразот е само поради нивната игра, а не поради некој квалитет на Динамо Загреб.

„Секако не очекувавме дека ќе биде лесен натпревар, затоа што и бевме ослабени е тие се добар тим кој знае добро да се брани. За жал, ние одигравме лош некреативен натпревар. Тие, пак, само еднаш дојдоа до нашиот гол и добија пенал затоа што играчот го удри топка во рака“ – рече Пелегрини по мечот, и дополни:

„И во еден така лош натпревар за нас, имавме шанси и статива, но факт е дека немавме креативност. Во Хрватска ќе се обидеме да го играме нашиот фудбал и да победиме“.

Се вчитува...