Пелегрини го продолжи договорот со Бетис

Бетис го продолжи договорот со тренерот Мануел Пелегрини.

72-годишниот тренер од Чиле, ги предводи зелено-белите од Севилјаа пет и пол години, а неговиот договор истекуваше за седум месеци.

„Се договоривме да ја продолжиме соработката за дополнителна сезона, така што тој ќе биде тренер до летото 2027 година“, објави Бетис.

Во последните денови се шпекулираше дека Пелегрини, кој со Бетис го држи петтото место во шпанското првенство, би можел да ја преземе репрезентацијата на Чиле. Неговата земја заврши последна во јужноамериканските квалификации за Светското првенство.

Се вчитува...