Пелегрини го сака Един Џеко во Вест хем

Босанскиот интернационалец Един Џеко по завршувањето на сезоната би можел да се врати во Премиер – лигата. Напаѓачот на Рома води преговори со клубот за продолжување на договорот, но доби повик и од неговиот поранешен менаџер Мануел Пелегрини да се пресели во Лондон и да го облече дресот на Вест хем.

Пелегрини и Џеко имаа одлична соработка во Манчестер Сити која би можела да биде обновена од следната сезона во составот на Вест хем. „Чеканите“ се подготвени да платат 15 милиони евра за да го ангажираат босанскиот голгетер.

Се вчитува...