Ливерпул одигра само 1-1 на гостувањето против Вест хем, Јирген Клоп беше видуно исфрустриран од изданието на својот тим, а потоа по последниот судиски свиреж влезе и во конфликт со Мануел Пелегрини. Чилеанскиот стратег не ја пропушти можноста да го „пецне“ Клоп за фактот дека Ливерпул единствениот погодок го постигна од офсајд, но и да потсети на нивниот дуел од четвртфиналето во ЛШ од 2013 година.
„Не е важно што си рековме еден на друг, тој беше нервозен, мислам дека е навикнат да победува со голови од офсајд. Кога ме победи додека бев во Малага, победничкиот гол му беше од офсајд од седум метри, а не го спомна ниту еднаш. Затоа и сега не може да се жали, голот го дадоа од офсајд, а Ориги во последната минута имаше стопроцентна шанса, иако повторно беше цел метар во офсајд“ – изјави Пелегрини.
По синоќешното реми во Лондон, Ливерпул сега има само три бода предност во однос на Манчестер сити во тркатња за титулата во Премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА