Пелистер 13 минути не даде гол, Фуксе Берлин со плус шест на полувреме

Ракометниот шампион на Македонија, Пелистер има негатива од 9-15 на полувреме против германскиот Фуксе Берлин во натпревар од 2. коло од новата сезона во Лигата на шампионите.

Гостинскиот тим го контролираше резултатот на почетокот од мечот, но македонскиот шампион во ниту еден момент не му дозволи да се одлепи. Со голот на Виде во 15. минута, Германците стигнаа до позитива од три гола 6-9, по која тренерот на домашните Бранислав Ангеловски мораше да интервенира со својот прв тајмаут.

Ниту тајмаутот не помогна бидејќи откако Хосни постигна гол за 8-10 во 17. минута, пелистерци не го совладаа Милосављев во следните 12 минути, по кои гостите стигнаа до највисоките 8-15. Манасков во последната секунда успеа да погоди за да ја прекине црната серија и на пауза да се замине со 9-15.

Милосављев беше неверојатен на голот на Берлин со седум одбрани, додека Гидсел постигна шест гола. Кај пелистерци по два гола постигнаа Манасков, Кузмановски, Радивојевиќ и Хосни.

Се вчитува...