Пелистер 2 ги освои бодовите со Куманово

Ракометарите на Е. Пелистер 2 освоија цел плен на денешниот меч на домашен терен во Битола на кој го совладаа составот на Куманово со 36-30.

Младите „пелистерци“ имаа само една победа во претходните четири рунди, во изминатото коло загубија од првиот тим на Пелистер, но денеска се покажаа во одлично светло, доминираа на теренот и заслужено стигнаа до победата.

Битолчани имаа контрола над резултатот и во првото полувреме, но гостите од Куманово со три гола во низа се приближија на 16-15, резултат со кој се замина на одмор. Тоа беше се од гостинскиот состав, вториот дел мина во уште поголема доминација на Е. Пелистер 2, овој тим од 16-16 стигна до 21-16 и си го трасираше патот до заслужената побееда.

Пивотот Симоновски со осум гола беше прв стрелец, по шест постигнаа Лозановски, Димевски и Гутиќ, додека кај кумановци со по осум гола се истакнаа Костов и Радван.

Се вчитува...