Пелистер 2 го носи најталентираниот ракометар од БиХ

Ракометниот суперлигаш на Македонија Пелистер 2 во своите редови ќе го донесе младиот и талентиран босански ракометар Алем Хаџиќ, пренесуваат медиумите од Босна и Херцеговина.

16-годишникот важи за еден од најголемите таленти во Европа, а очигледно од Битола се заинтересирани да работат во процесот на развивање на одличниот ракометар.

Коњух тимот во кој игра Хаџиќ во текот на месец јуни учествуваше на второто издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“ и од Скопје си замина со сребрен медал. За МВП на турнирот беше избран токму Хаџиќ кој имаше одлични изданија.

 

Се вчитува...