Пелистер 2 стигна до голема победа во А групата од ракометната Суперлига откако триумфираше со 27-26 над големиот фаворит Металург. Гостите подобро го отворија мечот. По 16. минути „металурзите“ имаа и плус шест 4-10. Сепак, домаќините заиграа подобро и до крајот на полувремето успеаја да стигнат на само минус еден (13-14).
Второто полувреме почна исто како и првите 30 минути. Гостите подобро отворија и имаа предност од 16-19. Битолчани до крајот повеќе ја посакуваа победата и успеаја целосно да се вратат и да стигнат до триумф од 27-26. Стефан Талевски и Стефан Дрогришки со по седум гола беа најефикасни во победничкиот табор, додека кај поразените Златко Хорват постигна осум гола.
Ова беше прв овосезонски пораз на Металург на домашната ракометна сцена, воедно и огромни бодови за „пелистерци“ во обидот да стигнат до третото место и да обезбедат влез во плејофот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА