Пелистер амбициозно за пролетниот дел: И Ристе Маркоски се враќа во клубот

Битолски Пелистер со далеку поголеми амбиции ќе ја очекува пролетната полуетапа од Втората лига – Запад, ако се суди и според активноста на раководството на клубот за време на зимската пауза.

Веќе е договорено и четвртото засилување за тимот. Постигнат е договор со досегашниот фудбалер на прилепска Победа, искусниот Ристе Маркоски кој всушност повторно се враќа во зелениот дрес каде настапуваше пред една година.

Претходно, како што е познато, Пелистер се засили и со дефанзивецот Горан Ганчев кој се врати од Индонезија како и со голманот Филип Трајчевски од Струга Трим Лум.

Челниците на Пелистер најавуваат уште неколку сериозни засилувања за тимот пред стартот на подготовките.

Се вчитува...