Факт е дека ракометниот пазар е и тоа како намален во Европа, дефинитивно финансиски најслабиот кога се во прашање атрактивните екипни спортови. Па, и клубовите кои се натпреваруваат во ЕХФ Лигата на шампионите добиваат само финансиски „трошки“.
Така шампионот на Европа, Барселона за освоената титула од ЕХФ доби вкупно 618.000 евра, што не е ниту 10% од буџетот кој го имаше минатата сезона, 7,5 милиони евра.
ЕХФ изминатава сезона подели вкупно 4,718 милиони евра, а речиси 2 милиони евра завршија кај учесниците на Ф4 во Келн. После Барселона, најдобро мина Алборг со 514.000 евра, а потоа германски Кил со 454.000 евра и Магдебург со 389.000 евра.
Најлошо од сите клубови кои играа во Лигата на шампионите минаа македонскиот Пелистер и словенечки Целје кои добија по скромни 140.000 евра затоа што не успеаја да освојат ниту еден бод во ЛШ.
Сега, Пелистер денеска ја очекува одлуката на ЕХФ дали ќе добие специјална покана за учество во ЛШ и следната сезона. Пет извесни специјални покани одат на адреса на Нант, Кјелце, ПИК Сегед, Динамо Букурешт и Загреб, а за останатите две конкурираат Бидасоа, Елверум, Пелистер, Порто, Кадетен Шафхаузен, Татран Прешов и данската Фредериција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА