Актуелниот шампион на Македонија стигна до нова победа откако денеска славеше на гостувањето кај Бутел со 24-29 во меч од 10. коло од ракометната Суперлига на Македонија.
Бутелци одиграа едно егал прво полувреме со големиот фаворит, по кое на пауза заминаа со негатива од само два гола 11-13. Иако гостите од Битола во ниту еден момент од мечот не направија поголема резултатска предност, успеаја да го исконтролираат целиот меч и да стигнат до конечен триумф од 24-29.
Филип Кузмановски со девет гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените седум постигна Филип Николов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА