Победничната серија на Пелистер се искачи на седум тирумфи едно по друго откако во 8. коло битолчани на домашен терен славеа против Кожув со 96-84. „Зелено-белите“ беа подобриот противник во поголемиот дел од мечот, рано стигнаа до двоцифрена предност и истата не ја испуштија до самиот крај.
Текот на мечот Пелистер го најави уште во првата четвртина кога по изедначениот старт ги зема работите во свои раце. Битолчани влегоа во напаѓачки ритам па брзо стигнаа до двоцифрена предност која изнесуваше 29-17 по 10. минути игра. Добриот ритам на „зелено-белите“ продолжи и до крајот на првото полувреме, а и покрај тоа што Кожув успеа да најде решение во нападот не успеа да ја намали негативата на „големиот одмор“ (55-37).
Кожув одигра далеку подобро во одбраната на отварањето на второто полувреме и со тоа успеа да ја намали негативата на 11 поени (66-55), но финишот на третата четвртина им припадна на домашните кошаркари кои благодарение на Мустафица, Стајиќ, Караџовски и Карутерс стигнаа ја вратија предноста на 78-62. Пелистер одолеа на налетот на кавадарчани, а потоа во последните десет минути продолжи со добрата игра и не дозволи сензационален камбек, напротив стигна до нова убедлива победа.
Мустафица беше лидер на Пелситер со 24 поени и 7 скока, а 17 поени и 6 скока додаде Карпентер. Со 23 поени и 7 скока лидер на Кожув беше Гордон, а 15 поени и 6 скока додаде Хантер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

