Пелистер без проблеми против МРК Куманово

Актуелниот шампион на Македонија, Пелистер забележа нова победа откако вечерва славеше на гостувањето кај МРК Куманово со убедливи 23-35 во меч од 6. коло од ракометната Суперлига.

Уште од самиот старт беше видлива разликата во квалитет, па битолчани веќе на полувреме имаа комотни плус пет 12-17. Во вториот дел разликата само се зголемуваше за конечни 23-35.

Филип Кузмановски со десет гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Де Соуза Мораис постигна осум гола.

 

Се вчитува...