Македонскиот ракометен шампион Пелистер со убедлив пораз го стартуваше настапот на најстариот турнир на овие простори „Добој 2024“.
Во првото коло од групната фаза македонскиот шампион беше декласиран од египетскиот Ал Ахли со убедливи 34-23. Уште во првото полувреме очигледна беше разликата во квалитет меѓу двата тима, па клубот од Каиро на полувреме замина со позитива од четири гола 15-11. Во вториот дел Египќаните го полнеа голот на нашиот шампион, а на крајот стигнаа до убедлив триумф од 34-23.
Во групната фаза Пелистер треба да игра уште и со францускиот гигант Монпелје и домашната Слога Добој.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

