Кошаркарскиот вицешампион на Македонија, Пелистер беше декласиран од Борац Бања Лука со … во натпревар од шестото коло во балонот во Златибор во АБА лигата.
Борац подобро го отвори мечот и веќе по првата четвртина имаше предност од шест поени 16-22. Како одминуваше првиот дел, номиналните гости на мечот ја зголемуваа разликата која на пауза веќе беше и двоцифрена (32-48).
Пелистерци дополнително потонаа и во третиот период во кој исто како и во првите два постигнаа 16 поени, а по три четвртини одиграни од мечот Борац Бања Лука имаше огромни плус 29 (48-77).
Во последната четвртина битолчани успеаја само да го ублажат поразот, за конечни 67-89. Јан Ребец со петнаесет поени беше најефикасен во таборот на победникот, додека кај Пелистер Донтеј Карутерс заврши со 19.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА