Пелистер до рутинска победа над Приморје на тестот во Србија

Екипата на Пелистер триумфираше со 89-83 на првиот од двата контролни меча што битолчани ќе ги играат како дел од подготовките на Златибор, на кој избраниците на Александар Петровиќ за противник го имаа тимот на Приморје од Херцег Нови.

Конечните „плус шест“ не се реален одраз на случувањата на теренот, ако се знае дека Пелистер имаше целосна контрола на резултатот,од почетокот на мечот па се до самиот крај. Во втората и во третатa четвртина македонскиот вицепрвак имаше и најубедливи „плус петнаесет“, но осцилациите во играта што се вообичаено во текот на ваквите подготвителни натпревари придонесоа дуелот да заврши со конечни „плус шест“.

Поените за „зелено-белите“ на денешниот натпревар ги постигнаа: Брајан 22, Бојиќ 21, Едвардс 19, Костовски 9, Бошалевски 9, Крстевски 5, Стајиќ 4 и Ташовски 2.

Пелистер до крајот на овие подготовки ќе одигра уште еден меч, против домаќинот Златибор в сабота по што екипата ќе се врати назад во Битола.

Се вчитува...