Фудбалскиот клуб Пелистер денеска објави разделба со осум фудбалери, на кои им истекоа договорите, и истите не беа продолжени. Така дел од Пелистер во идната сезона нема да бидат Дејан Ѓуриќ, Захар Тарасенко, Фернардо Брито Карваљо, Масааки Такахара, Бојан Спиркоски, Виктор Серафимовски, Даниел Карчески и Стефан Костов.
Од друга страна битолскиот тим работи и на новите имиња. Тимот на Димитар Капинковски во своите редови треба да добие искусно име. Станува збор за поранешниот репрезентативец Стефан Спировски кој по долги години се враќа во својот матичен клуб. Спировски минатата сезона беше дел од Струга ТЛ, а претходно играше за Вардар, Работнички, и во странство во тимовите на Етнихос Ахна, Пјуник, МТК Будимпешта, АЕК Ларнака, Мариупол, Хапоел Тел Авив, Ференцварош, Берое, Борац Чачак. Играчот од средниот ред кој играше и во националниот тим на Македонија, се враќа во Битола после 16 години.
Во следниот период во Битола ќе има уште нови имиња. Тимот доби и нов тренер. Димитар Капинкоски го замени Срѓан Захариевски на кормилото. Амбициите на Пелистер се идната сезона пред се останување во „елитата“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

