Пелистер дојде до 12-та победа, во Битола „паднаа“ Ангели

Кошаркарите на Пелистер дојдоа до 12-тиот триумф во шеснаесетиот натпревар во кошаркарската Прва лига, откако на свој терен го совладаа составот на Ангели со 100-78. Последнопласираниот тим добро парираше само во првата четвртина, а потоа целосна доминација на кошаркарите на битолската екипа, која ја продолжи одличната серија на резултати во „елитата“.

Плиесте рна почетокот брзо стигна до 10 поени рпедност, но Ангели успеа да се врати и по првата четвртина да замине само со негатива од три поени. На стартот од втората четвртина, Ангели дојдоа и до „егал“, но потоа застанаа на 27 поени, а домаќините направија серија од 16-0, која беше клучна за победата, и таа предност ја задржаа до крајот. На неколку моменти на стартот на четвртиот период изнесуваше дури и 26 поени, но на крајот беше само намалена на 22.

Вилсон со 26 поени беше најефикасен поединец кај победничкиот тим, после него се истакна и Џенкинс со 18. Исто толку постигна и Ренг кај Ангели.

Се вчитува...