Ленгстон Вилсон е најновото засилување на тимот на Пелистер, кошаркар кој ќе биде од голема помош во предизвиците во домашното првенство, како и во европското деби што ги очекува „зелено-белите“ оваа натпреварувачка сезона.
Станува збор за центар висок 210 сантиметри кој ќе биде од огромна помош во борбата под обрачите. Тој настапуваше во НЦАА-лигата за универзитетите Вашингтон и Милвоки, а ланската сезона ја мина во Турција, бранејќи ги боите на Бодрумспор.
Ленгстон Вилсон имаше просек од 10,3 поени и 6,8 скокови по натпревар, а најдобриот меч го одигра против вториот тим на Фенербахче, на кој америкаскиот центар стигна до дабл-дабл од 24 поени и 11 скокови.
Со ангажманот на Ленгстон Вилсон беше комплетиран и последниот странски трансфер на Пелистер летово, откако претходно беа потпишани договори и со Никола Малешевиќ, Џордан Скипер-Браун, Остин Прајс, Си-Џеј Вилсон и со Брејси Дејвис.
Според пропозициите право за настап во македонскиот шампионат имаат по четири странци во секоја екипа, тренерот Даскаловски ќе може да избира меѓу шестмината во пресрет на секој домашен меч, а се очекува сите шест странци да бидат во главна улога на претстојните европски натпревари на КК Пелистер, најпрвин во квалификациите за ЛШ, а потоа и во групната фаза од ФИБА Европскиот куп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

