Иранскиот ракометар Мошан Карамиан е новото засилување на Пелистер. Се разботи за 23-годишен корпулентен играч (199 см.110 кг.) кој ги минал сите возрасни категории во репрезентацијата на Иран.
Карамиан ќе биде вториот Иранец што настапувал во Македонија. Претходно неговиот сонародник Амин Јусефинеџад имаше куса епизода во составот на Металург.
Во конституирањето на тимот за следната сезона, Пелистер неодамна ја продолжи соработката со Кире Митревски, Васко Димитровски,Реваз Чантурија, Костадин Петров и со Никола Ивановски. Како нови засилувања за следната сезона пелистерци ги ангажираа Милош Рајчиќ, Јагош Брауновиќ, Милан Поповиќ и Харис Плехи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА